Досега искористени повеќе од 40 милиони дози од вакцините против Ковид-19

20

Повеќе од 40 милиони дози од вакцините против коронавирусот се искористени во светот во борба против пандемијата, чиј лидер во овој момент е Израел.

Досега најмалку 60 земји и територии, на коишто живеат 61% од светското население, почнале кампања за вакцинирање, но во 11 земји се сконцентрирани 90% од искористените дози.

Потрошени се најмалку 40.062.825 дози, а таа бројка, според France presse, се очекува да биде поголема бидејќи големи земји, како Кина, САД и Русија не ги ажурираат редовно своите податоци.

Израел е лидер со 2,43 милиони дози и вакцинирани 2,12 милиони луѓе или 24,5% од населението. Околу 3,6% од Израелците веќе ја примиле и втората доза за оптимална заштита од заразата.

По апсолутни бројки водат САД со 12,28 милиони дози за 10,60 милиони луѓе или 3,2% од населението, пред Кина каде што се искористени повеќе од 10 милиони дози.

Во Европа, Велика Британија го зазела водството бидејќи досега се искористени 4,31 милион дози и вакцинирани се 3,85 милиони луѓе, што е 5,7% од населението.

Фото: Freepik