Досега се откупени над 1.500 тони тутун

21

Од 15-ти овој месец, четири откупувачи на тутун, заклучно со вчера, преземаа 1.582 тони од овогодишната реколта, јавува Миа.

Просечната откупна цена е 186,50 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 34,91% или досега се исплатени 103 милиони денари.

Се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишаа 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15-ти декември.