Dove со нова кампања: Жените сами си ги дефинираат стандардите за убавина

43

dove

#MyBeautyMySay е новата кампања на Dove, бренд на Unilever, со која ги поттикнува жените сами да ги дефинираат стандардите за убавина.

Кампањата е базирана на последното истражување што го спроведе брендот, кое покажа дека седум од 10 жени веруваат дека добиваат повеќе комплименти за изгледот, отколку за нивните професионални достигнувања. Со оваа кампања Dove сака да ги инспирира жените да заземат став против пресудите кои ги омаловажуваат нивните достигнувања.