Индексот на довербата на инвеститорите во еврозоната падна во септември на најниско ниво од јануари 2024 година, трет месец по ред, пренесува Anadolu.
Sentix, кој се занимава со истражување на пазарот со седиште во Франкфурт, ги објави податоците од генералниот индекс на доверба на инвеститорите во еврозоната за септември.
Според резултатите, индексот на доверба на инвеститорите, кој во август изнесуваше минус 13,9 поени, падна на минус 15,4.
Индексот на очекувања, кој ги мери очекувањата на инвеститорите за следните шест месеци, порасна од минус 8,8 поени на минус 8 поени, додека индексот на моменталната состојба падна од минус 19 поени на минус 22,5 поени.
Во соопштението на Сентикс се наведува дека еврозоната сè уште е на работ на рецесија и дека политичката и економската ситуација во Германија претставува тежок товар за целата еврозона.
„Во овој контекст, единствена надеж за инвеститорите е можноста за поддршка на монетарната политика“, се наведува.
Анкетата е спроведена од 5 до 9 септември со учество на 1.142 инвеститори.