Дознаките сè почесто се испраќаат електронски

40

Mинатата година, дознаките пратени преку формалните канали, банките и брзиот трансфер на пари, забележaa силен раст од околу 47%, во споредба со 2019 година, што е јасен показател дека луѓето го приспособиле своето однесување кон новите околности и дека сѐ повеќе ги користат дигиталните канали за испраќање пари. Но поради намалувањето на дознаките пратени во готовина, вкупните трансфери забележаа пад од околу 24% на годишна основа.

За нас овие текови се многу важни, бидејќи претставуваат битен дел од доходот на населението и значајна поддршка на потрошувачката и на билансот на плаќања.

Oва го истакна вицегувернерката, Ана Митреска, во изјава за Мета.мк, напоменувајќи дека остварувањата се блиски до проекциите на Народната банка.

Со оглед на сите оцени за оваа година за постепено закрепнување и на глобалната и на домашната економија, ставање под контрола на пандемијата преку процесот на вакцинација и во однос на дознаките очекуваме раст од околу 20%. Имајќи предвид дека кризата има продолжен карактер, нивно враќање на нивото од пред пандемијата, се очекува во следната 2022 година.

Фото: Pexels