ДПИ:За седум дена изречени глоби од 3,5 милиони денари

Нови 410 инспекциски надзори и изречени глоби во вкупна вредност од над 56.500 евра (3.479.150 денари) е билансот од еднонеделните акциски контроли на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведени на целата територија на државата во периодот од 7 до 13 септември.

Во текот на инспекциите биле издадени вкупно 119 прекршочни платни налози, а изречени се и 15 опомени, по кои инспекторите најавуваат дополнителни контролни надзори.

Во период од 07.09.2026 до 13.09.2026 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 410 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 119 прекршочни платни налози во вредност од над 3.479.150,00 денари, односно по:

 

·       Закон за трговија, извршени се 85 надзори, издадени се 20 прекршочни платни налози;

·       Закон за заштита од пушење, извршени се 17 надзори, издадени се 6 прекршочни платни налози;

·       Закон за угостителска дејност, извршени се 41 надзори, издадени се 22 прекршочни платни налози;

·       Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 32 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

·       Закон за занаетчиство, извршени се 33 надзори, издадени се 1 прекршочен платен налог;

·       Закон за финансиска дисциплина, извршени се 97 надзори, издадени се 53 прекршочни платни налози;

·       Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 22 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

·       Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 7 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

·       Закон за метрологија, извршени се 14 надзори, издадени се 6 прекршочни платни налози;

·       Закон за градежните производи, извршени се 14 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

·       Закон за Државен пазарен инспекторат, извршени се 6 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

·       Закон за општа безбедност на производите, извршени се 5 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.

·       Закон за туристичка дејност, извршени се 6 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.

Од ДПИ порачуваат дека продолжуваат со континуирани теренски контроли со сите расположливи ресурси, постапувајќи по месечните планови, но и по пријави од граѓаните. Инспекторатот ги повикува граѓаните да пријавуваат економски неправилности и прекршоци на бесплатниот телефонски број 191 или електронски преку официјалната веб-страница www.dpi.gov.mk.