
Dr. Oetker го промовира пица брендот Pizza Box кај младите луѓе во Кина со музичко видео кое ги советува да се опуштат и да уживаат, а не само опсесивно да работат и да се обидуваат да заработат пари. Видеото прави споредба меѓу живеењето под стес во урбана Кина и јадењето на Pizza Box во кревет. Од компанијата велат дека се обидуваат да ги промовираат културните разлики, затоа што според истражувањата, 49% од испитаниците од урбаната популација се изјасниле дека повеќе сакаат да останат дома и да одмараат после работа отколку да излегуваат. Вечер помината во излежување пред телевизор во некои култури се смета за мрзливост и ретко кој признава дека сака да го прави тоа.