Во Шимановци, Србија, денеска ќе се постави камен темелникот за изградба на деловно – производствен – складишен комплекс на компанијата Dr. Oetker, јавува Танјуг.
Компанијата Dr. Oetker, која денеска ќе ја започне изградбата на својата прва фабрика во Србија, во оваа земја е присутна со преку 100 производи.
Во составот на оваа германска компанија работат многу производни и продажни фирми, кои работат во 35 земји и произведуваат околу 3.500 различни производи.