Драстичен пад: Во Кина сè помалку дозволени апликации

82

Во Кина во октомври 2021 година имало 2,78 милиони апликации, за разлика од декември 2018 година, кога  имало 4,52 милиони апликации. Тоа е пад од 40% оваа година.

Новите кинески закони за податоци, безбедност и приватност ги „задушија“ Big Tech платформите на идоведе до голем пад.

Структурата на кинескиот пазар за мобилни апликации зададе голем удар на се што е поврзано со „продавници“ и апликации за мобилни телефони, а South China Morning Post го анализираше тоа користејќи податоци од Министерство за индустрија, технологија и информации.

Пекинг започна кампања за спречување на создавање монополи на пазарот и акција за заштита на податоците од технолошки компании кон крајот на 2020 година.

Владејачката партија е загрижена дека компаниите имаат преголема контрола врз нивната индустрија и ги предупреди да не ја користат својата доминација за да ја блокираат конкуренцијата. Така, речиси половина од апликациите исчезнаа од кинескиот пазар.