DrivEn – моќен велосипед без ланец

236

На саемот Eurobike во Германија беше претставен DrivEn велосипедот со најефикасен пренос на моќноста од педалата до велосипедските тркала, (дури 99% ефикасност), пишува New Atlas.

Иновацијата, којашто претставува потполно нов концепт на погонско возење со дискови, придонесува за дури 49% помалку триење од досега најдобрите системи на запчаници и ланци. Овој изум е дело на CeramicSpeed, компанија којашто произведува специјализирани и ефикасни лежишта и што вработува експерти од Европа, САД и Азија.

Прототипот на погонскиот мотор е цилиндрично вратило од јаглеродни влакна, кои имаат прстен од керамички топчести лежишта на двата краја. Овие лежишта доаѓаат во жлебови на посебно обликуваните запчаници на педалите и тркалата, и всушност се единствениот подвижен дел од овој пренос. Менувањето на брзината се врши со поместување на едно од лежиштата преку збир на брзини на задното тркало.

Минималистичкиот дизајн и генијалните инженерски решенија овозможуваат исклучителна ефикасност на овој трансфер преку намалување на бројот на подвижни делови и со тоа отстранување на области каде што може да се создаде непотребно триење. Креаторите на концептот велат дека тој е поефикасен при повисоки брзини.

DrivEn беше развиен во партнерство со Одделот за машинско инженерство на Универзитетот во Колорадо, и пред два дена ја доби наградата Eurobike за 2018 година.

Фото: CeramisSpeed