Дрон за прва помош што ќе може да се јаде

21

dron-sto-ke-se-jade

Поранешниот армиски експерт Најџел Гифорд создаде дрон чиј товар може да се јаде, а е наменет за обезбедување прва помош во области што се зафатени од некоја катастрофа, пишува Dezeen.

“Сакавме да направиме систем за испорака што е исклучително корисен за пружање помош на било кое место каде што со традиционалните методи не може да се стигне до области со уништена инфраструктура, а решава и проблеми што порано одземале човечки животи“, вели Гифорд.

Во внатрешноста на дронот има вакуумирана храна и медицински материјали. Дронот е изработен од дрво, но Гифорд се надева дека за 12 месеци може таа структура да ја замени со компоненти што може да се јадат.

Дронот го има во три големи: Mark 1 носи 20 килограми помош, Mark 2 има капацитет од 50 килограми, додека Mark 3 може да понесе 100 килограми.

Дронот може да се активира од катапулт, балон или авион зависи од областа до којашто треба да стигнат.