Фото: Pexels
Дронот би можел да се искористи за полнење на батеријата во електричното возило без автомобилот да има потреба да застанува на бензински станици за да го направи тоа. Токму ова е идејата на американски патентен уред поддржан од Амазон што ќе има за цел да го олесни возењето на електрични возила, пишува Mashable.
Од Амазон сметаат дека би можело да се користи посебно беспилотно летало коешто би имало способност да го препознае автомобилот што нарачал полнење според посебен код впишан на покривот на автомобилот. Потоа дронот би слетал на покривот, би ја споил својата батерија со батеријата на возилото и полнењето може да започне. Штом процесот заврши, дронот ќе биде програмиран да се врати назад во својата база за да го надомести потрошеното гориво.
Иако оваа идеја е стара повеќе од три години, дел од автомобилските експерти се скептици дека патентот би можел да успее бидејќи електричните возила имаат сè поиздржливи батерии.