Дронови за осум години ќе засадат милијарда стебла

17

Компанијата Flash Forest од Торонто има голем и значаен план за пошумување. Компанијата користи дронови за пошумување, а процесот се врши десет пати побрзо отколку кога луѓето садат дрвја. Целта на компанијата е до 2028 година да засадат една милијарда стебла.

Дроновите кои садат се модифицирани за брзо да го испуштаат семето во почвата, што значи дека комбинираат технологија, софтвер и еколошка наука за да го надминат вообичаениот начин на пошумување во време кога тоа е исклучително потребно.

Освен тоа, дроновите ja вршат работата за 80% поевтино во однос на традиционалните методи за садење дрвја.

Пред процесот на садење дрвја на теренот се испраќаат дронови кои го мапираат тлото за да се направат проценки. Кога ќе се знаат идеалните локации за садење врз основа на анализата на тлото и на постојните растенија, на работа тргнуваат дроновите кои вршат прецизно садење.

Потоа тргнуваат дронови кои носат хранливи состојки, додека друг дрон го следи процесот на раст на растенијата.

Дроновите дневно можат да засадат од 10.000 до 20.000 стебла.

Фото: Pixabay