Дронови за полнење на електрични автомобили

41

1f24e561899377-5a7d61de9f7ef

Фото: Behance

Производството на електрични автомобили во светот, секојдневно расте, а со тоа расте и проблемот за полнење на ваквите автомобили. Иако постојано се градат нови станици сепак ги има во премал број. Решение за овој проблем е Volt – беспилотни летала, односно дронови коишто ги полнат електричните автомобили.

Батеријата на леталото е спакувана во внатрешноста на телото, а камерата се наоѓа на предниот дел и овозможува идентификација на пречки и возила. Постои и задна камера за следење на пречките што може да се појават позади дронот, пред или после полетувањето, преснесува designboom.

Услугите на Volt се достапни преку мобилна апликација. Кога батеријата на електричниот автомобил ќе се испразни, може да се повика Volt преку апликацијата. Корисниците ги регистрираат своите информации за возилото и локацијата па според тоа Volt идентификува каде се наоѓаат и каков вид возило имаат. Беспилотните летала тогаш ја полнат соодветната батеријата и летаат до локацијата на корисникот.

Volt-пиштолот за полнење е скриен во внатрешноста на телото на дронот. Кога дронот ќе пристигне кај корисникот, се отвора горниот капак којшто го “крие“ пиштолот и корисниците ги полнат своите возила.

Услугата за полнењето се плаќа преку апликација.