Dropbox: Од лоша навика до милијарди на сметкa

182

drew-hudsonФото: Facebook

Дру Хадсон бил студент на американскиот МИТ Универзитет кога сфатил дека има еден проблем – постојано си го заборавал своето USB. Токму оваа негова лоша навика му ја дала и генијалната идеја да креира свој сервис за споделување на податоци. Првичната замисла била да ја користи платформата само за себе, но потоа сфатил дека и многу други луѓе би имале корист од неа.

dropbox-7Фото: Facebook

Идејата на Дру преминала во старт-ап во 2007 година кога со неговиот колега Араш Фердоши го основале Dropbox. Начинот на кој функционира Dropbox го прикажале преку смешно видео со што и го привлекле вниманието на потенцијалните корисници. Само седум месеци откако стартувал бизнисот, милиони луѓе се приклучиле кон оваа платформа за споделување податоци. До 2009 година првичното име на овој сервис било getdropbox.com.

Dropbox е сервис кој ви овозможува да креирате посебен фолдер на вашиот компјутер со информации кои потоа ќе бидат синхронизирани со други Dropbox сервери на други компјутери. Платформата користи бесплатна верзија каде корисниците имаат на располагање два гигабајти слободно место за складирање податоци. Иако Dropbox е најголемиот лидер на маркетот во виртуелно зачувување на информации, сепак оваа платформа е и број еден најкритикувана апликација за мобилни телефони. Дел дел од компаниите корисници на Dropbox се незадоволни бидејќи 30 дена откако ќе ги избришат податоците од нивниот сервер и Dropbox ги брише засекогаш. Dropbox е карактеристичен и по тоа што користи само еден клуч за енкрипција и дескрипција на фајлови за сите корисници, што според некои клиенти е ризично за тајноста на споделените податоци.

dropbox-1

Фото: Facebook

Dropbox има креирано и компјутерски апликации за Microsoft Windows, Apple macOS и Linux computers и мобилни апликации за iOS, Android, Windows Phone и таблетите. Пред две години ја лансираше и својата Windows 10 апликација.

Две години подоцна, на Дру му било понудено да го продаде Dropbox, но тој одбил. Оттогаш вредноста на компанијата вртоглаво пораснала и сега платформата има над 400 милиони корисници ширум светот. Експертите предвидуваат дека овој старт-ап допрва ќе го има својот подем.

dropbox-4Фото: Facebook

Вредноста на Dropbox постојано расте низ годините. Во 2011 година надмина над 50 милиони корисници а пет години подоцна таа бројка се зголеми за десет пати. Во 2010 година сервисот ја доби  наградата за најдобра интернет апликација, а една година претходно доби и награда за најдобро софтверско решение. Беше рангиран како еден од највлијателните стартапи во Америка и светот, а неговата вредност се проценува на околу десет милијарди долари.

Денес, седиштето Dropbox е лоцирано во Сан Франциско, Калифорнија. Компанијата брои 1.200 вработени на кои им е допуштено сами да одлучат за колку време можат да сработат одреден проект. Фокусот е ставен на тимската активност, но притоа, секој поединец треба точно да знае која му е улогата во проектот. Менаџментот на компанијата не очекува вработените да достигнат 100% од нивните запишани цели зашто смета дека тоа е просто нереално. Сета реализација на предвидените активности над 70% компанијата ја смета за одличен успех.

dropbox-3Фото: Facebook