Другата страна на медалот: Кои работници нема да може да ги замени вештачката интелигенција?

40

Растот на употребата на технологијата за вештачка интелигенција предизвика паника кај работниците од различни професии, кои се плашат дека во блиска иднина робот би можел да го замени нивното работно место.

Студискиот извештај на Голдман Сакс покажува дека околу две третини од американските работни места се изложени на одреден степен на автоматизација заснована на вештачка интелигенција.

– Иако влијанието на вештачката интелигенција ќе биде значајно на пазарот на трудот, повеќето индустрии и работни места се делумно изложени на автоматизација, што значи дека тие ќе бидат надополнети, а не заменети со вештачка интелигенција – рече Голдман Сакс, пренесува Fox Business.

Шефот на Гугл, Сундар Пичаи, во неодамнешното интервју посочи кои работни места се загрозени од вештачката интелигенција. Тој изјави дека тоа се: писатели (новинари, копирајтери), сметководители, архитекти и – иронично – софтверски инженери.

Од друга страна, студијата на Голдман Сакс открива кои индустрии ќе бидат помалку погодени од вештачката интелигенција. Тоа се работни места кои бараат повеќе рачна работа, работа на отворено или специјализирано знаење.

Како што се: поправки, градежништво, производство, транспорт…

Авторите на студијата нагласија дека поширокото усвојување на алатки за вештачка интелигенција може да замени некои работни места, но дека зголемената продуктивност и економските перформанси би можеле да доведат до создавање на нови видови работни места, поттикнати од бран на иновации.