Дрвена еколошка платформа за сончање како замена за бетонот и пластичните лежалки

127

breda brizak platforma

Aрхитектонското студио BB Arhitekti на Бреда Бизјак, осмисли еколошка платформа за сончање направена од дрво, пишува Јутарњи лист.

Платформата има облик на шестаголник, што претставува геометриска замена за природната конфигурација на теренот. Првата дрвена платформа, составена од три различни модули, е поставена на крајбрежјето на Истра.

breda brizak 1

“Се обидовме да пронајдеме алтернативно решение на вообичаената пракса која повеќе или помалку по правило користи бетон како основен градежен материјал. Модернизацијата на плажите со бетон претставува иреверзибилен процес, не постои начин на враќање во првобитната положба, односно ре – натурализација и е еден од најсериозните проблеми на хрватското крајбрежје“, вели Бреда Бизјак, која е родена во Риека, а дипломираше и работи во Љубљана.

Освен за уредување на плажите, оваа модуларна платформа за сончање може да се прилагоди на различни потреби и да се користи и во хотелски комплекси, кампови, паркови и шеталишта.

breda brizak 2

breda brizak soncanje