Дрвени подови што создаваат енергија кога некој чекори по нив

83

green-wood-flooring-1020x610

Инженерите од универзитетот Wisconsin – Madison дизајнираа револуционерни дрвени подови што произведуваат енергија од чекорењето по нив. Овие подови се направени од остатоци при преработка на дрво, односно дрвена пулпа, која инаку би завршила на ѓубриште, пишува Inhabitat.

Кај многу индустрии во производствениот процес како нус производ се добива дрвена пулпа во чија внатрешност се наоѓаат целулозни нановлакна коишто имаат потенцијал за производство на енергија доколку хемиски се третираат. Користењето на нановлакната во подот овозможуваат трансформација на чекорите во електрична енергија која може да се искористи за полнење на батерија или за сијалица. Овој начин на производство на енергија може да биде економски исплатлив бидејќи дрвената маса е евтина и ја има во изобилство.

Еден од професорите на овој проект, ЏуДонг Ванг, предвидува дека енергијата добиена на овој начин најмногу би се исплатила во трговските центри, стадионите и на други локации каде се движи поголема маса на луѓе.