Дрво за виза: Мексико предлага американско државјанство во замена за стебло

84

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, предложи американската влада да понуди привремени работни визи, а може и државјанство на оние кои ќе учествуваат во опсежната програма за садење дрвја за коишто се надева дека ќе се прошират на Средна Америка.

Обрадор рекол дека Мексико планира да ја прошири програмата Sembrando Vida или Засадување на живот на Средна Америка, што е заштитен знак на неговата влада во рамки на којашто ќе се засадат 700.000 стебла.

Според него, ова е “можеби најголемото пошумување во светот“, а целта на програмата е отворање на 1,2 милиони работни места и засадување на три милијарди стебла во југоисточно Мексико и Средна Америка.

Фото: Pexels