Државата го презема долгот на МЖ Транспорт

27

Државата ќе го преземе долгот на МЖ Транспорт од 76,3 милиони евра.

Комисијата за хартии од вредност му дозволи на  акционерското друштво Македонски железници Транспорт да издаде 4.697.989 обични акции во износ од 4.697.989.000 денари. Акциите од втората емисија се обични и се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност. Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што државата ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија што државата ги има кон Македонски железници Транспорт ги претвора во влогови во друштвото. На овој начин ќе се измири вкупниот доспеан долг на МЖ Транспорт АД Скопје кон Владата на Република Македонија. Постапката се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје.