Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјава мора да приложат негативен ПЦР тест

48

Владата вечерва на седница донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од утре ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот, соопшти владината прес-служба.

Одлуката на Владата следи по предлогот што го донесе изутрината Комисијата за здравство по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во овие четири земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во тие земји.

Фото: Pixabay