Државната помош на компаниите не може да оди во недоглед

34

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека големата државна помош на компаниите погодени со кризата не може да оди во недоглед.

Канцеларката се обратила пред јавноста по повод претстојната расправа во парламентот за буџетот за следната година.

“Сојузната влада, покраините и советот мора да работат заедно, добро и конструктивно за да може да ја надминеме пандемијата и нејзините последици на најдобар можен начин“, рекла Меркел.

Во вторникот Бундестагот би требало да расправа за буџетот за 2021 година, а се очекува една третина од тие средства да се финансираат со задолжување.

Коалиционата влада планира следната година да позајми дополнителни 180 милијарди евра.

“Доколку голем број компании пропаднат и ако поради тоа се загубат милиони работни места, тоа би нè чинело многу повеќе“, рекла Меркел.

Фото: Freepik