Државни нафтени компании ќе потрошат 400 милијарди долари за енергетска транзиција

60

Државните нафтени компании во следните 10 години би можеле да потрошат 400 милијарди долари на проекти што само би ги покриле трошоците и ако светот не ги исполни целите од Парискиот климатски договор.

Компаниите во различни проекти, во следните 10 години, би можеле да вложат 1.900 милијарди долари, што значи дека една десетина од тие инвестиции ќе бидат неисплатливи ако цената на нафтата не биде повисока од 40 долари за барел, сметаат експертите.

Големите нафтени компании, како што се ВР, Total и Royal Dutch Shell, веќе прогресивно ги намалуваат долгорочните проценки на цените на нафтата што сега се движат од 50 до 60 долари по барел. Некои аналитичари сметаат дека ќе биде пониска, во зависност од сценариото за енергетска транзиција.

Резултатот би можел да поттикне нееднаквост бидејќи тие пари би можеле да се вложат во здравствена заштита, образование или диверзификација на економијата. Наместо тоа, би можеле да предизвикаат економска криза.

Многу од тие компании имаат седиште во земји во кои 280 милиони луѓе живеат под граница на сиромаштија.

Фото: Freepik