
Американскиот национален долг за прв пат надмина 33 трилиони долари, јавува Anadolu.
Според податоците на Министерството за финансии, американскиот долг достигна 33,04 билиони долари или 30,9 трилиони евра.
Додека Конгресот се обидува да донесе нов привремен буџет на крајот на септември, кога завршува фискалната 2023 година, долгот на Соединетите Американски Држави (САД) се искачи на историски високо ниво.
Мајкл Петерсон, извршен директор на фондацијата „Питер Г. Петерсон“, која работи на решавање на долгорочните финансиски предизвици на Америка, објави дека националниот долг на САД подолг период константно расте.
Тој додаде дека креаторите на политиките треба да се фокусираат на решавање на долгот наместо на партиски борби што не ги решаваат вистинските финансиски проблеми на Американците.











