Државниот долг на Србија на крајот на август изнесувал 15,47 милијарди евра, што изнесува 56,5% од бруто домашниот производ на земјата, соопшти српското Министерство за финансии. Од почетокот на годината јавниот долг на Србија пораснал за околу една милијарда евра, а до крајот на 2012 се предвидува тој да достигне ниво од над 60% од српскиот БДП.
Вкупните дирекни обврски на Србија изнесувале 13,06 милјарди евра, од кои 5,62 милијарди евра отпаѓаат на внатрешен долг, а 7,44 милијарди на долгови кон странство. Вкупните индирекни српски обврски изнесувале 2,41 милијарди евра.
На крајот на 2011 година, јавниот долг на Србија изнесуваше 14,47 милијарди евра или 45,1% од БДП, а на крајот на 2010-та 12,16 милијарди евра, односно 42,9% од БДП. Во 2009 година српскиот долг изнесуваше 9,85 милијарди евра или 34,8% од БДП, а во 2008 – 8,78 милијарди или 29,2% од БДП.