Државниот долг на Црна Гора е 103% од БДП

42

Вкупниот државен долг на Црна Гора на крајот на декември лани е 4,33 милијарди евра или 103,28% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на Министерството за финансии.

“Надворешниот долг изнесува 3,84 милијарди евра, односно 91,46% од БДП, додека внатрешниот бил 495,56 милиони, односно 11,82% од БДП“, се наведува во извештајот за државниот долг објавен на сајтот на црногорското министерство.

До зголемување на државниот долг во последниот квартал од минатата година дошло поради емитување на обврзниците.

Фото: Pexels