Државниот пазарен инспекторат доби нов в.д. директор

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница  го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.

Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.

На седницата беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.