Државните фирми во Црна Гора се 30 милиони евра во минус

46

vlada-jedino-sto-mozemo-da-uradimo-je-korekcija-akciza-slika-7685Според податоците на министерството за финансии на Црна Гора, вкупната загуба на 17 државни фирми во земјата, во минатата година изнесувала околу 30 милиони евра. Од друга страна пак 14 компании оствариле прoфит од приближно 7,7 милиони евра.

Од компаниите кај кои е регистриран губиток, на прво место е Железничка Инфраструктура со околу 7,4 милиони евра, додека најуспешна е Плантажа со остварен профит од 3,2 милиони евра, пренесува порталот Ѕeebiz.

Вкупните трошоци на 31 компанија и институции кои се под државна власт, минатата година изнесувале 358,36 милиони евра, од што третина отпаѓа на заработувачката.

Во тие претпријатија работата вкупно 8.991 работник ,а за нивната плата минатата година државата одвоила 115,47 милиони евра.