ДСЗ: Лани еден квадрат станбена површина чинел 43.710 денари

19

architecture-3249957_960_720

Фото: Pixabay

Изминатата година, просечната цена на 1 м2 станбена површина изнесувал 41 822 денари, што е за 2.9 % помалку во однос на 2016 година, објави Државниот завод за статистика.

Во објавениот извештај е наведено дека во Скопје просечната цена на 1 м2 изнесуваше 43.710 денари, што е за 14% помалку во споредба со 2016 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.001 денари, што е за 2,2 % помалку во споредба со 2016 година.

Што се однесува до просечната цена на 1 м2 во второто полугодие од 2017 година, таа е намалена за 6,2 % во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 %.

Од ДЗС посочуваат дека наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.