Дубаи го добива највисокиот хотел во светот… повторно

53

Во 2018-та година, хотелот Gevora во Дубаи, висок 356 метри, беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како највисок хотел во светот. Но, тој примат нема да го има уште долго бидејќи во овој арапски емират се гради уште еден хотел.

Станува збор за Ciel Tower, којшто ќе биде висок 360,4 метри и ќе има 1.042 соби и апартмани распоредени на 82 ката. За градењето на овој хотел е задолжена компанијата First Group, а за дизајнот се погрижи архитектонското биро NORR. Истото ова архитектонско биро го направи дизајнот на хотелот Palm.

Ciel Tower ќе има стаклена платформа за набљудување што ќе овозможи поглед од 360 степени на градот. Посетителите ќе може да уживаа во панорамскиот поглед од хотелскиот базен на покривот и ресторан. Хотелот ќе има првокласен велнес центар, деловни простории и познати ресторани. Сите тие ќе бидат претставени во следните неколку месеци.

Фото: Pexels