Дубаи ќе добие два вештачки острови вредни 1,7 милијарди долари

22

dubai

Фото: YouTube

Дубаи планира да инвестира 1,7 милијарди долари во туристички проект Marsa Al Arab, што опфаќа градење на два вештачки острови од двете страни на луксузниот хотел Burj Al Arab. Новиот проект е дел од планот за зголемување на бројот на посетители на 20 милиони годишно до 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на изложбата World Expo 2020.

Ресортот Marsa Al Arab ќе се простира на површина од 370.000 метри квадратни. Едниот остров ќе биде наменет за забава и семеен туризам, а другиот ќе биде луксузен ресорт, пишува Designmena.

Градењето треба да започне во јуни годинава, а да заврши до 2020 година. Амбициозниот проект ќе има приватна марина, јахта клуб и рекреативни атракции, ресторани и кафулиња, хелиодром, хотел, голем малопродажен простор и 300 апартмани со поглед на море.

Во првото тримесечје годинава, Дубаи го посетиле околу 4,6 милиони туристи, што е 11% повеќе од минатата година.