Дубаи ќе им понуди вакцини на учесниците на Expo 2020

112

Дубаи ќе им понуди вакцини против коронавирусот на претставници на земјите учесници на манифестацијата Expo 2020 што ќе се одржи од октомври до март 2022-ра година, изјави престолонаследникот шеик Хамдан бин Мохамед ал Мактум.

Дубаи се потпира на овој глобален саем, којшто е одложен за една година поради пандемија, за да може да биде поттик економијата, пренесува Ројтерс.

Престолонаследникот наложи да се обезбедат вакцини за сите официјални претставници на земјите учесници за да се обезбеди сигурно и незаборавно искуство.

“Expo 2020 Dubai ќе биде светска врата за надеж за враќање на животот во нормала. Во октомври Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе ги отворат рацете на целиот свет за нови хоризонти за конструктивна глобална соработка“, смета престолонаследникот на Дубаи.

Фото: Freepik