Дубаи: Кујна што плови во вода и испорачува храна

78

7ee27ff61d0ffe05d70cd0413c7ecf83

Фото: aa-ds.com

Дубаи наскоро ќе добие пловна кујна чија цел ќе биде да им обезбеди храна и пијалак на оние кои моментално пловат во вода, на брод, скутер или само се опуштаат пливајќи, пишува Gulf News.

Градбата е наречена Aqua Pod, а за конструкцијата потребни беа три месеци. Основачот на архитектонското студио Aquatic Architects Design, Амад Јусуф вели дека пловната кујна може да се движи и да се лоцира каде што ќе има потреба, а за почеток ќе ја услужуваат областа Џумераја и околните плажи.

Системот за нарачки ќе функционира на два начина: со мавтање на знаменца при нарачка и достава на храната со скутер или со директна порачка од самата кујна. Aqua Pod ќе служи разни видови на бургери, но планот е да се прошири асортиманот со пици и десерти.

Градбата ќе работи на електрична енергија и нема да произведува отпад, благодарение на специјален систем што ќе го собира сето направено ѓубре, но и она што ќе го најде во водата.