Дубаи со вештачки дожд се бори против горештините

36

Властите во Дубаи се борат против горештините и високите температури со вештачки дожд.

Според тамошните медиуми, Дубаи применува сложена технологија за производство на дожд. Со помош на дронови се ослободува електронски набој и се предизвикува дожд од облаците.

Негативните последици од вештачкото предизвикување дожд се обилните врнежи што го отежнуваат возењето на возачите.

Фото: Pexels