DublDom – еколошки дом што може да се состави за само 24 часа

40

dubldom

Замислете што ќе се случи доколку својата куќа може да ја изберете во продавница и во рок од 24 часа да се вселите во истата.

dubl 14

Ова сценарио е возможно благодарение на новиот проект на руското архитектонско студио BIO Architecture, што ја осмисли модуларната куќа DublDom. Станува збор за куќа што ги содржи сите потребни приклучоци и инсталации, апарати за домаќинство, мебел и изолација.

bio-architects-dubldom-interior6-via-smallhousebliss

Првиот DublDom е изграден во околината на Москва и се користи како викенд куќа за едно руско семејство. Целосно е изработен од дрво, а има огромна застаклена дневна соба и голема тераса.

dubldom0

Иако е изработена само од дрво, оваа куќа има одлична изолација и може да ја поднесе дури и суровата руска зима, а нејзиниот модуларен дизајн и лесно склопување овозможуваат вселување во рок од 24 часа. DublDom засега може да се купи во две димензии, заедно со сите потребни приклучоци, инсталации и мебел изработен по мерка.