Дубровник ја повика на одмор германската фудбалска репрезентација

65

germanska reprezentacija

Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ, и директорката на Туристичката заедница на Градот, Романа Влашиќ, упатиле честитика до Германскиот фудбалски сојуз за освоената титула на Светското фудбалско првенство што беше организирано во Бразил.

Освен честитките за мундијалскиот успех, тие ги повикале фудбалерите да го посетат Дубровник, каде што ќе можат да уживаат во убавините на јадранскиот бисер и еден од најубавите градови во светот, пишува Дубровачки весник.

“Еден од најубавите градови во светот, Дубровник, член на УНЕСКО од 1979 година, е препознатлива туристичка дестинација со богата културна понуда и висококвалитетни туристички содржини. Дубровник е град што го посетуваат големи светски државници, лица од јавниот живот, актери и уметници, кои го препознаваат како единствен. Нивниот глас за убавините на градот се пренесуваат со векови. Во име на Градот Дубровник и Туристичката заедница на Градот, наша чест е да ви упатиме повик да бидете наши гости и да го почувствувате гостопримството и неповторливата атмосфера во Дубровник“, се вели во писмото потпишано од Влахушиќ и Власиќ.

dubrovnik

“Идејата беше на градоначалникот и ние ја прифативме. Ова е одличен начин за промоција, малку поинаков маркетинг. Медиумското внимание за доаѓањето на светски прваци во фудбал ќе биде огромно, информациите за Дубровник ќе се прошират на социјалните мрежи. Се надеваме дека ќе ја прифатат нашата покана”, вели Влашиќ за Слободна Далмација.

Ноќевањето во Hilton Imperial, најпознатиот хотел во овој град со пет ѕвездички, чини најмалку 280 евра, додека цената за ноќевање во популарниот Excelsior се движи од 250 до 370 евра. Ако се земе во предвид дека се работи за фудбалска репрезентација која заедно со придружбата брои околу 30 луѓе, кога би ноќевале во хотел со пет ѕвезди и спиењето во просек да чини по 300 евра, вкупниот износ за седум дена би чинел 63.000 евра. Но, ако на тоа се додадат и други трошоци, евентуални посети на ресторани и други места, “гостувањето” на германските фудбалери во Дубровник би можело да чини најмалку 100.000 евра, проценува Слободна Далмација.