Дубровник ќе добие тематски парк Game of Thrones

28

game-of-thrones-lokrum-croatia

Дубровник, најпознатата хрватска туристичка дестинација, од следната година ќе добие нова атракција. На островот Локрум, во непосредна близина на Дубровник, ќе се гради тематски парк Game of Thrones на два ката. Бенедиктинскиот манастир веќе следната година ќе биде пренаменет во тематски парк од популарната ТВ серија, а продукциската куќа HBO веќе дала согласност. Во паркот ќе бидат сместени оригиналниот престол и костимите во кои се појавуваат главните актери во серијата, пишува Пословни Пулс.

Оваа серија се снима на три локации во Хрватска, Дубровник, Шибеник и Сплит.