Дубровник најголем “губитник“ од пандемијата

27

Хрватскиот туристички бисер, Дубровник е најголем губитник од пандемијата, овие денови се остварени само 9% од минатогодишниот број на ноќевања, пишува ХРТ.

Во периодот од јануари до септември во Дубровник се остварени само 17% од минатогодишниот број на туристи. Поголемиот број на конгреси коишто ги полнат капацитетите во Дубровник по шпиц сезоната се одложени за следната година, а повеќе од половина од хотелите во градот се затворени.

Како расте бројот на новозаразени во светот, луѓето сè помалку патуваат, авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Дубровник, бидејќи не им се исплаќаат полупразни летови. Најавите за зимата, како што се наведува, не се отптимистички. Сепак, постои интерес од одредени крузинг компании Дубровник во текот на зимата да биде таканаречен home port.

“Водиме интензивни преговори со Lufthansa сепак летот за Дубровник да го задржиме во зимскиот термин. Тоа ќе биде поврзано со овие крузинг компании. Многу интензивно преговараме и со LOT. Тоа ќе ни биде алтернативно поврзување со САД“, вели Мате Франковиќ, градоначалник на Дубровник.

Фото: Pixabay