Дубровник најсподелувана дестинација на Instagram

211

Веб страната Big 7 Travel објави листа на најсподелувани дестинации на Instagram, базирана на податоци од социјалниот медиум, гласови од туристички и мислења на читатели.

Судиите ги бодуваа дестинациите според следниве критериуми:

  • Изобилство на места за фотогрфирање
  • Оригиналност
  • Природни убавини
  • “Фотогенични“ места направени од човекот
  • Храна и пијалак

На листата којашто содржи вкупно 50 дестинации има градови, држави и разни области.

Дубровник е прогласен за најфотогеничен град, односно дестинација со најмногу фотографии на Instagram, благодарение на својата прекрасна природа и уникатна градба.

Во топ десет листата освен Дубровник, којшто има 94,37% од бодовите, се најдоа и:

Виена, Австрија – 90,76%

Киев, Украина – 91,07%

Азурен брег, Франција – 91,44%

Малта – 91,98%

Кери, Ирска – 92,01%

Костволдс, Англија – 92,35%

Будимпешта, Унгарија – 92,56%

Хајлендс,Шкотска – 93,11%

Исланд- 93,26%

Дубровник, Хрватска – 94,37%

Фото: Pixabay