Дубровник урива рекорди по број на туристи, со два милиони ноќевања до средината на јули

112

Годинава два милиони туристички ноќевања се забележани во Дубровник  на 16 јули, 11 дена порано од лани.

„Директен придонес за овој резултат даде одличниот претсезонски и стабилен раст на туризмот во сезоната“, велат од градската управа на Дубровник.

Дубровник, како што нагласија, го продолжува својот пат кон трајна одржливост со бројни иницијативи и усвојување на рамка за стратешко планирање, пренесува  SEEbiz.

Според податоците од системот еВизитор, во Дубровник моментално одмараат околу 23.500 гости, што е за четири отсто помалку од истиот период лани, додека од почетокот на годината се забележани 15 отсто повеќе пристигнувања.