Дукат го запре откупот на млеко од 180 фарми во Хрватска

35

919golemaХрватскиот производител на млеко и млечни производи Дукат, привремено го стопираше откупот на свежо сурово млеко од 180 фарми во источна Хрватска, поради зголеменото ниво на афлатоксин, се вели во хрватските медиуми.

Одлуката е донесена врз основа на резултатите од анализата од контрола на составот на суровото млеко за присуство на афлатоксин, од независни лаборатории во Хрватска. Откупот ќе продолжи откако фармите ќе потврдат дека можат да испорачаат исправно млеко.

“Тешка е оваа одлука привремено да престанеме со откуп на млеко. Меѓутоа, мора да го направиме ова поради безбедноста на нашите потрошувачи. Свесни сме за можните последици за нашите фармери и за компанијата. Правиме се што е во наша моќ, за да можат фармерите во најкраток рок да почнат да испорачуваат исправно млеко, бидејќи тоа е во наш заеднички интерес ”, вели генералниот директор на Дукат за Хрватска, Ален Фонтан.

Дукат во обидот да им помогне на фармерите што побрзо да го решат проблемот, обезбеди пристап до микофиксатори.