Duna чекори накај City Mall со Garmin

285

Навигацијата до Garmin производите никогаш не била полесна. Благодарение на Дуна, наскоро, се отвора автентичен Garmin штанд во Skopje City Mall.

Дуна е компанија која во својата четвртина век традиција покажала дека секогаш има свој автентичен пристап при отворање на места за контакт со купувачи.

Пред 25 години, првата продавница беше и првото интернет кафе на Балканот. Со уреди исти како и во Virgin продавниците во Британија, тогаш посетителите доаѓаа  да слушаат нова музика и да останат во тек со глобалните новости и трендови.

Најверојатно се сеќавате и на првиот Apple Store во Македонија, за кој редовно добиваа интернационални признанија за највисоко рангирана Apple продавница од страна на професионални “мистериозни купувачи”.

Понатаму, обичната продавница еволуираше во Concept Store, концепт продавница во која преку поставувања на тематски катчиња се претставуваат останатите нивни омилени брендови: Illy, Marshall, Technogym, Garmin, Bang & Olufsen. Идејата е купувачите да отидат на кафе и да дознаат како некој производ би го надградил нивниот животен стил.

Со тек на време, Garmin се издвои како бренд и заслужи свое место во најпрометниот трговски центар во Скопје – City Mall. И за таму Дуна се погрижи да креира свој исклучително автентичен Garmin штанд, правејќи го Garmin супер достапен.

Повеќе за Garmin

Garmin е бренд кој е апсолутен лидер во производството на спортски смарт часовници и навигации. Претпознатлив и неодолив, за него не се потребни премногу суперлативи за да се искаже неговиот квалитет и пред сè, корисност. Самиот факт што специјалната единица на САД, маринците, користат Garmin како би  биле перфектно спремни ја докажува неговата вредност и точност. За оној кој сака да го траекторира својот живот по здрава и продуктивна патека Garmin e неговиот непогрешлив водич. А зошто Garmin a не некој друг спортски бренд на ваков вид производи? Бидејќи споредено со кој било друг бренд, овој репрезент на продуктивноста и здравите навики е пред сите останати. Започнувајќи од точноста на GPS-от, издржливоста на батеријата, огромната понуда на функции кои ги нуди, диференцирајќи ги и најмалите спортски параметри како посебни мерни можности сè до одличните смарт функции и неговиот модерен, стилски и моќен изглед.

Очекувајте Duna Garmin изглед во City Mall на почетокот на мај, а Garmin претставниците ќе бидат таму да Ви ги раскажат сите причини зошто Garmin производите се толку лесни за сакање.