Dunkin’ го проширува своето мени со растителен бургер

53

Американската компанијата Dunkin’ позната по своите крофни во секакви варијанти, во менито внесува нов производ растителен бургер. Beyond Sausage Breakfast Sandwich ќе се продава за 4,29 долари на 163 локации во Менхетен.

“Месото“ за бургерот е на компанијата Beyond Meat којашто го произведе специјално за Dunkin’. Сепак бургерот не е целосно вегански, во неговиот состав има кашкавал и јајца, но според извршниот директор на компанијата, Дејв Хофман за во иднина се планира и таква верзија.

Стартапите Beyond Meat и Impossible Foods пред две години започнаа соработка со ланците за брза храна. Сè поголемиот тренд за неконсумирање на месо ја наметнува потребата производителите да ја променат својата стратегија, односно да вклучат храна без месо.

Фото: Beyond Meat