Impossible Foods тестира рибен производ што не содржи риба

35

Стартапот од Лондон, Impossible Foods познат по лабораториските креации на храна овој пат тестира рибен протеин што не содржи риба. Од компанијата се надеваат дека производот наскоро ќе се најде на полиците.

Тие претходно создадоа производ од месо што не содржи елементи од животинско потекло, со текстура и вкус како вистинско месо, пишува Inhabitat.

За да ги креираат овие производи тимот користи специјална состојка наречена heme, којашто се добива со ферментирање на генетички модифициран квасец во којшто потоа се додава генетски материјал од соја.

Целта на стартапот е да се намали употребата од месо и начинот на негово производство што ѝ штети и на околината. Impossible Foods планира да создаде замена, односно алтернативен протеин за секој тип на месо од животни до 2035 година.

Фото: Pexels