Дури 2,8 милиони невработени во Германија: Недостигот на работна сила се уште е голем проблем за многу компании

54

Во Германија, тврдат од компаниите, полека се намалува проблемот со недостигот на работници. Новото истражување на економскиот институт Ifo покажа дека моментално нешто помалку од 34 отсто од компаниите немаат доволно квалификувани работници, во споредба со 35 отсто во април.
Слабиот економски развој во моментов ја намалува и побарувачката за квалификувана работна сила, вели експертот на Ifo, Клаус Вохрабе.

Сепак, поради демографските промени, недостатокот на квалификувана работна сила ќе остане постојан проблем и повторно ќе се зголемува, рече Ворабе.

Во индустријата, една од четири компании изјави дека се мачат поради недостаток на луѓе. Слично е и во трговијата и градежништвото. Услужните активности беа нешто повеќе погодени.

Во логистиката, речиси две третини од компаниите бараат соодветни кандидати. Слично е и во компаниите кои посредуваат при вработување на работници, кај правни и даночни советници и ревизори.

Германската економија е во колапс. БДП падна за 0,1 отсто во вториот квартал. Бројот на невработени се искачи на 2,8 милиони во јули, а бројот на слободни работни места, според податоците на Службата за вработување, се намали на 703.000, објави магазинот Феникс.