Дури 600 милиони сајбер напади дневно ширум светот

12

Во својот годишен извештај за дигитална одбрана, кој ги опфаќа трендовите од јули 2023 до јули 2024 година, Мајкрософт го истакнува алармантниот пораст на сајбер нападите поради зголемените геополитички тензии.

Извештајот открива дека корисниците на Мајкрософт се соочуваат со неверојатни 600 милиони напади дневно, и од сајбер-криминалци и од државни актери, истовремено нагласувајќи дека сајбер операциите се длабоко поврзани со геополитички конфликти.

„За ефикасно да одговориме на зголемениот бран на сајбер закани, не само што мораме да ја зајакнеме нашата дигитална одбрана на сите нивоа, туку и да поттикнеме длабока и трајна посветеност на принципите на сајбер безбедноста“. Оваа заложба мора да ги вклучи сите, од индивидуални корисници до корпоративни директори и државни лидери за да се обезбеди обединет фронт против злонамерните сајбер активности“, рече Ана Бар Лев, виш менаџер за безбедност Go To Market за Југоисточна Европа во Microsoft.

Мајкрософт забележа 2,75 пати зголемување на нападите со откупни софтвери во споредба со претходната година, но процентот на организации кои завршија со „уцена“ (достигнувајќи до фазата на шифрирање на податоците) се зголеми за повеќе од трипати во текот на изминатите две години.

Напаѓачите сè уште користат предвидливо човечко однесување, како што се лозинки кои лесно се запомнуваат, нивна повторна употреба на повеќе локации и паѓање на напади на фишинг. Нападите со лозинка сочинуваат 99 проценти од сите напади врз идентитетот.

Сајбер-измамата во финансискиот сектор расте на глобално ниво, со нови трендови во измами со плаќање и злоупотреба на легитимни услуги за фишинг и злонамерни активности.

Една загрижувачка форма на измама е techscam, која ги мами корисниците со прикажување легитимни услуги или лажна техничка поддршка и реклами. Сообраќајот на Techscam се зголеми за 400 проценти од 2021 до 2023 година, далеку надминувајќи го зголемувањето од 180 проценти на малициозен софтвер и 30 проценти во фишинг, што ја нагласува потребата за посилна одбрана.