Дури 65% од Европејците планираат да патуваат годинава

10

Според истражување спроведено од EasyJet, дури 65% од Европејците планираат да резервираат патувања оваа година и покрај пандемијата и неизвесностите во врска со сегашните ограничувања на патувањето.

“Ова истражување дополнително го истакнува интересот на луѓето да патуваат што е можно побрзо“, рече извршниот директор на EasyJet, Џон Лундгрен.

Анкетата е спроведена во средината на јануари на 5.000 европски потрошувачи, кога земјите ширум светот ги преиспитуваа ограничувањата и беа во рана фаза на купување вакцини.

Се проценува дека намерата за патување ќе порасне уште повеќе откако се ублажат мерките, а вакцинацијата ќе биде во последна фаза.

Фото: Pixabay