Акционерското друштво Дуропацк оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 12.872.000 денари, покажува неконсолидираниот шестмесечен биланс на успех.
Истиот период лани, компанијата евидентираше загуба од 1.351.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од оваа година се на ниво од 277.069.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 196.230.000 денари, додека остатокот од 80.839.000 денари е реализиран на странски пазари.