Seattle Coronavirus Assessment Network (SCAN) во соработка со Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, произведува тестови за коронавирус, кои според најновите информации ќе бидат брзо доставени од тимот на Amazon.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс и првиот човек на Amazon, Џеф Безос, решија да ги здружат силите и да им помогнат на жителите на САД, така што едниот произведува тестови за вирусот, а другиот ги доставува.
Вработените во Amazon прво ќе достават тестови на домашните адреси, а потоа ќе ги преземат и ќе ги носат назад до научниците. Ако вирус е откриен кај некого, тоа лице веднаш ќе се јави кај медицинскиот персонал.
Оваа соработка би можела во голема мерка да придонесе за масовно тестирање на луѓето во САД. Покрај тоа, Фондацијата Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда во соработка со организацијата Wellcome and Mastercard’s Impact Charity издвоија 125 милиони долари за да пронајдат лек за коронавирусот.
Фото: Pixabay