Два истанбулски аеродроми со најголем број патници

36

Аеродромот Istanbul имал најголем број патници меѓу европските аеродроми во ноември минатата година, објави во вторникот Меѓународниот аеродромски совет на Европа (АCI). Повеќе од 1,73 милиони патници го користеле аеродромот во Истанбул тој месец, според ACI.

Изграден како главен сообраќаен центар, аеродромот Istanbul веќе опслужи скоро 72,9 милиони патници, вклучувајќи 52 милиони меѓународни патници, во првите две години од отворањето во октомври 2018 година.

Второто место го освои меѓународниот аеродром Sabiha Gökçen, вториот аеродром во Истанбул, со скоро 1,5 милиони патници во истиот период.

Фото: Pixabay